Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Свечен прием на првачињата

2014-11-03 01:27:23



Во ООУ „Коле Неделковски“- Скопје 1 септември – почетокот на новата учебна година е значаен ден. Особено значење посветуваме на приемот на првачињата. Свечената атмосфера се чувствува во целото училиште. Со приредбата се обидувавме да ја намалиме возбудата на учениците -првачиња и на нивните родители. Сакаме да го доживеат училиштетокако место каде радосно се учи и се престојува.  

За почетокот на учебната 2014/2015 год. се погрижи паралелката IVБ и одделенскиот наставник Пепица Павлова. На приредбата слушнавме народна македонска песна, детска музика, многу поздрави до првачињата, но и модерен танц.

Учениците и родителите, на првиот училишен ден, ги поздрави Директорот за училиштето,г-ѓа Светлана Масларевска.

Нашите првачиња си заминаа дома со подароци и добро расположение.

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu