Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Учество на ликовната работилница "Емоцијата има своја боја" на учениците од 3-а одд.

2020-10-24 22:35:16



На 20 октомври, во организација на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, учениците од 3-а одделение учествуваа на ликовната работилница "Емоцијата има своја боја", која се одржа во  дворот на Даут-пашин амам.
Учениците имаа можност со кустос од Националната галерија да ја разгледаат постојаната поставка на ликовни уметнички дела од основоположниците на македонската современа уметност.
Во рамки на проектот, цртаа инспирирани од текстовите на писателката Снежана Илјоска, кои се наменети и тематски се поврзани со емоцијата и бојата.

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu