Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Свечена донација на LEGO сет од компанијата „Бехтел“ на нашето училиште

2025-10-09 19:35:00



Денеска нашето училиште, ООУ „Коле Неделковски“ – Скопје, беше домаќин на настан преку кој ќе се вклучи во програмата FIRST LEGO League. 

На настанот присуствуваа претставници од центарските училишта ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и од ООУ „Владо Тасевски“ од Општина Карпош.

Целта на овој настан беше донацијата на LEGO сетови од компанијата „Бехтел“, со чија поддршка нашето училиште ќе може да формира училишен LEGO клуб и да стане дел од глобалната заедница на FIRST LEGO League.

Настанот го збогатија и ученици од новинарските клубови и LEGO тимовите, кои активно учествуваа, поставуваа прашања и покажаа голем интерес за роботика и иновативно учење.

Преку оваа програма, учениците ќе имаат можност да учат роботика, наука и тимска работа, решавајќи реални проблеми од секојдневието. Тие ќе се стекнат со основни знаења од областа на роботиката со помош на LEGO, а ќе имаат и шанса да се натпреваруваат поединечно и како центарски LEGO тим на натпревари од светски размери.

Голема благодарност до компанијата „Бехтел“ за донацијата и до професорот Гордан Анастасов за одличната соработка!

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu