Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Посета на Полициската станица за гранични проверки Долно Блаце

2015-04-24 18:28:42



 

  Учениците од IIIа одделение, ја посетија Полициската станица за гранични проверки Долно Блаце при Регионален центар за Гранични работи Север. 

 

 Посетата беше организирана од страна на мајката на нашиот ученик Андреј Михајловски, Јасмина Трамбурова Михајловска, која работи како инспектор во Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при РЦ за ГР Север.

 

 Учениците се запознаа со работата на граничната полиција и видоа како изгледа граница и што се опфаќа поминувањето граница на наши и странски државјани. Еве неколку слики од оваа интересна посета, која беше дел од Часот за професионална ориентација за учениците. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu