Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

ХЕРОИТЕ НА РЕЦИКЛИРАЊЕТО

2015-05-01 07:28:52



 Одбележување на Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата

 

 

 

Согласно главната цел , едукација на учениците за придобивките од селектирање на отпадот и негово рециклирање, Пакомак во нашето училиште организира едукативно еколошко предавање на тема рециклирање. Проектот е во соработка со ЈСП Скопје, и се однесува на едукација на децата од прво до петто одделение, со проекција на 3Д едукативен филм “ХЕРОИТЕ НА РЕЦИКЛИРАЊЕТО”  и со квиз прашања во врска со рециклирањето. Накратко во брендиран автобус соголеми ЛЦД монитори учениците следеа 3Д проекција и притоа:

 

  • здобија знаење за одделно собирање на отпадоците од пакување и придобивките од тоа за  градот, во кој живееме, животната средина и општеството како целина;
  • создадоа личен позитивен однос кон одделното собирање на отпадот, зачувување на чистотата и заштита на животната средина;
  • формираа  навики за секојдневно одговорно однесување кон нашата околина, луѓето околу нас и светот во кој живееме;
  • беа мотивирани за активно однесување и пренесување на наученото меѓу пријателите и во семејната средина.

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu