Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Информатичка секција и клуб за кодирање

2016-10-16 01:33:31



Информатичката секција се состои од учениците од 6-то до 9-то одделение и е задолжена за креирање на училишни квизови, уредување на веб страната на училиштето, изработка на најразлични презентации со теми од наставата и вон неа. Членовите од секцијата успешно соработуваат со членовите од останатите секции во училиштето. Кога се подготвуваат приредби, членовите на секцијата се тука информатички да ја подржат приредбата. Информатичката секција работи по потреба после наставните часови во училишниот  кабинет по информатика.

 

Во денешно време не е доволно само да се знае да се чита и пишува за да ве сметаат за писмена и образувана личност. Без познавање на работењето со компјутери тешко е да се живее во 21-от  век.

 

 

 Клуб за кодирање со уредот Microbit

 

 

 

Во рамките на информатичката секција под водство на наставничката по информатика Валентина Зорчец од учебната 2018/19 год. почна со активности и секцијата за работа и примена на уредот Microbit. Преку имплементацијата на проектот „Училиште на 21 век“ членовите на оваа секција кои се од редовите на 6-тите одд. во нашето училиште почнаа со изработки на програми за управување и употреба на микробитот во наставата по информатика , но и во наставата по другите наставни предмети.

 

 

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu