Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Посета на продавница за велосипеди и спортска опрема од страна на учениците од II-в одд.

2018-11-05 21:34:45



Посета на учениците од II-в одд. во рамките на проектот „Професионалана ориентација на учениците“ .

Учениците од IIв одделение од ООУ „Коле Неделковски“ – Центар на ден 10.10.2018 година (среда) реализираа посета на продавница за велосипеди и спортска опрема. Родителот Предраг Виќентијевиќ ги запозна со предностите на возење на велосипиед за нивното здравје, како економично превозно средство кое придонесува за зачувување на природата. Се запознаа со велосипедизмот како спорт и рекреација ,возење на велосипед во различни услови и на различни терени. Се запознаа со составните делови на велоспипедот,потребната опрема за безбедно и сигурно возење на велосипед и нивното сервисирање.Посетата која помина во весела и пријатна атмосфера ,кај учениците побуди голем интерес и воодушевување за оваа физичка,спортска и здрава активност - возење велосипед и професијата продавач и сервисер на велосипеди и им остави силен впечаток и импресии на сите ученици.

Одделенски наставници :  Анела Атанасовска и Биљана Стојановска

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu