Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Средба со писателката Нина Анастасова - Шкрињариќ

2020-02-21 19:49:10



Учениците од 7-а, 7-б и 7-в одд. од ООУ „Коле Неделковски“ - Општина Центар, Скопје, имаа чест часовите по македонски јазик заедно со наставничките по македонски јазик Еуридика Глигорова Гоља и Радмила Илиева Стојановска да ги поминат со писателката на лектирата „ Перуновата стрела“ - Нина Анастасова Шкрињариќ. Писателката е редовен професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески “ во Скопје, каде ја изведува наставата по предметите: Митопоетика, Словенска митологија, Македонска народна книжевност (Македонска народна поезија и Македонска народна проза) и Психоаналитички концепти во фолклорот.

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu