Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Историјат на училиштето

2014-11-03 04:04:04



Основното училиште „Коле Неделковски“, својот воспитно-образовен процес го започнува учебната 1957/58, користејќи ги просториите на основното училиште„ Његош“, кое се наоѓаше на локација на денешното основно училиште „Ј.Х.Песталоци“ а кое подоцна катастрофалниот земјотрес во 1963 г. целосно го проголта.

Вратите на сопствените училишни простории, училиштето ги отвара на 1.09.1958 кога џагорот на првите ученици се слушаше низ цело Дебар Маало. Според впечатоците на првите наставници и ученици, училишната зграда „Во тој период беше најмодерна и најубава“.

Денес основното училиште „Коле Неделковски“, претставува модерно училиште кое ги трасира патиштата на модерна настава, која генерациите ги подготвува не само за учење, туку уште повеќе за снаоѓање во животните ситуации и потреби кои секојдневно се поинакви, потешки и токму затоа бараат поинаков употреблив квалитет на образованието и воспитанието.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu