Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Учество на манифестацијата „Фестивал на чај и лековити билки“

2014-11-03 01:29:12



На 20 септември 2014 год. се случи голема граѓанска манифестација посветена на природата и билките под име „Фестивал на чај и лековити билки“. Организатор на Фестивалот е „Здружение на граѓани за мотивација и развој на комуникации-Дијалог“ од Скопје. Манифестацијата ја поддржува градот Скопје.

Учениците од ООУ „Коле Неделковски“ го отворија Фестивалот со музичката композиција „Македонија“. Потоа имаа сценско-музичка изведба на композицијата од Драган Даутовски-„Молитва“. Девојчињата од нашето училиште претставуваа „македонски самовили“, а момчињата жетвари на поле. Силната симболика со која ја покажавме македонската традиција во билкарството,  измами долги аплаузи од посетителите.

Училиштето го претставивме со две паноа под име „FLORA EXICCATA MACEDINICA“ и „Да се запознаеме, заедно живееме“.

Овој фестивал има цел да прави промена на свеста на граѓаните:
-да се почитува природата;,
-да се употребува здрава храна и напитоци;

Токму затоа, наше е задоволството да учествуваме на манифестација која нè образува, нè воспитува, нè учи.

Реализатори на активноста се: IIaи одделенскиот наставник Весна Џатевска и IVб и одделенскиот наставник Пепица Павлова.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu