Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Што е екологија?

2014-11-03 02:05:45



Екологија е наука за однесувањето на луѓето кон животната средина.

Сите ние треба да ја одржуваме планетата чиста за да имаме поздрав и поубав живот.

За сите оние кои се грижат за планетата велиме дека се ЕКОЛОГИСТИ.

Екологијата во нашето училиште е заедничка задача на сите ученици и наставници, посебно контролирана од нашата Еко-патрола.

Меѓу позначајните проекти на нашата еко-заедница конкретно изработена од учениците и наставниците по физика и биологија, е Презентацијата “Глобалното затоплување-глобален проблем”, во учебната 201/2014 година.

Преку неа соучениците се запознаа како хронолошки се менувала климата, како денес емисија на CO2 влијае на климатски промени и како ние како поединци може да влиаеме на истото.

Генерална цел на проектот беше имплементација на мерки за енергетска ефикасност и поттикнување на еколошката свест кај соучениците , а воедно даде одговор и на прашањата: 

1) Што е глобално затоплување и кои се причините за истото?

2) Кои климатски промени ги предизвикува глобалното затоплување?

3) Кои растителни и животнски видови се загрозени поради глобалното затоплување?

4) Како глобалното затоплување влијае врз човекот?

5) Како ние да влијаеме врз глобалното затоплување?

6) Како превентивно да делуваме врз намалување на ефектите од влијанието на стакленичките гасови?

Со цел да се подигне свеста кај учениците за употреба на енергетски ефикасни апарати, со краен продукт, намалување на потрошувачката на електричната и топлинска енергија, учениците од нашето училиште земаа учество во многу работилници, и низа активности, работилници кои имаа и повисоки цели како : 

1) Уредување на еко пано со упатствата за заштеда на енергија 

2) Уредување на еко пано со упатствата за заштеда на вода 

3) Учество во работилници за рециклирање на батерии ,така и за рециклирање на селектриран отпад 

4) Одбележување на сите денови Еко-календарот

5) Оспособување и поттик за тимска работа

6) Поттик за релизација на индивидуални активности во рамки на групата

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu