Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Патронат - 07.05.2026 год.

2026-05-07 15:41:30



 
„Љубовта не бара лозинка, само насмевка“
 
Денес ООУ „Коле Неделковски" - Центар, Скопје го одбележа својот патронен празник во Паркот на франкофонијата, во духот на заедништво, радост и искрени емоции. Просторот беше исполнет со детска смеа, ведрина и прекрасна енергија.
Преку песна, дружење и насмевки, уште еднаш потврдивме дека вистинските вредности не се мерат со зборови, туку се чувствуваат – во секој поглед, во секоја подадена рака и во секоја искрена насмевка.
Овој ден ни покажа дека љубовта, почитта и другарството се темелите врз кои ја градиме нашата заедница. Благодарни сме што заедно создадовме спомени кои долго ќе ги паметиме.
Голема благодарност до сите кои беа дел од овој прекрасен настан и придонесоа да биде исполнет со топлина и убавина.

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu