Општинско Основно Училиште
Коле Неделковски - Скопје
Вие сте на: Артикл

Учениците во посета на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ и Галеријата “КО-РА“ во ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Скопје

2014-12-06 23:49:39



 На ден 12.11.2014г. учениците од ООУ „Коле Неделковски“, општина Центар, Скопје присуствуваа на литературно читање кое се организираше во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ на тема: Роман „Последниот лет на птицата сеница “ од познатиот писател Бранко Варошлија. Учениците беа воодушевени од прочитаните содржини, и со голема љубопитност го следеа емотивното читање на некулкуте извадоци од прекрасниот роман.

 

На ден 25.11.2014г. од страна на издавачката куќа „Просветно дело“ беа поканети голем број на ученици од 9 одд. од ООУ „Коле Неделковски“, општина Центар, Скопје. Учениците заедно со наставничките по македонски јазик Радмила Илиева Стојановска и Весна Тодоровска, во Галерија “КО-РА“ во ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин“ – Скопје, присуствуваа на презентацијата на тема „Патување преку сказна“. При тоа учениците имаа средба со илустраторите : Натали Николовска, Саваш Велиу, Димитар Божинов и Боркица Арсовска.

 

 

 

 

 

 

Корисни линкови

eDnevnik e-ucebnici2 BRO-baner Eduinu